CS Global | Training.Consulting.Outsourcing

МакедонскиEnglish
soncogled1
ЦС Глобал профил PDF Print E-mail
Единствена компанија во Македонија која целосно го има фокусот на управување и развој на човековиот капитал и зголемување на стратешката вредност на човековите ресурси.

Вие сте на вистинското место ако сакате да направите компаративна предност пред другите преку стратешко управување со човековите ресурси, трансформација, реорганизација, промена, управувањето со таленти (Talent Management) итн.

Нашиот бизнис се луѓето и максимизирање на нивните капацитети.

ЦС Глобал е основан 2004 година во Скопје. Тој е составен од млад и динамичен тим на професионалци. Во изминатиот период бележиме константен раст и зголемена понуда на услуги.

Нашиот фокус е насочен кон задоволување на потребите и барањата на нашите клиенти преку индивидуалниот пристап. Ние работиме на оптимизирање на перформансите на Вашата организација и ги следиме промените во општеството.

Нашиот тим е составен од професионалци кои се ангажираат како обучувачи, консултанти и работат на развој и имплементација на проекти за клиентите во Македонија и регионот.

Во ЦС Глобал годишно се ангажираат преку 40 консултанти и обучувачи. Имаме најголема база на преведувачи и толкувачи, како и на професори и инструктори по странски јазици.

Download our company profile in PDF